Екипата на Рома се радува на гостувањето кај Интер со 0-1 во рамките на 34. коло на италијанската Серија А. Овој резултат му оди најмногу од рака на Наполи кој е во грчевита борба со „нераѕурите“ за трофејот во калчото.
Херој на „волчицата“ која игра препородено со Клаудио Раниери на клупата беше младиот Матијас Суле кој во 22. минута го постигна единствениот гол на натпреварот. Интер имаше контрола, дури Рома го дозволи тоа. Гостинот играше смирено, ги одбиваше налетите на гостинот и беше попасна во продолжението преку контри. Иако Рома промаши повеќе чисти шанси, на крајот не жали бидејќи успеа да го одбрани стекнатото водство.
За Интер ова беше трет пораз во само осум дена, откако претходно беа поразени од Болоња во Серија А и од Милан во Копа Италија. Така, момците на Симоне Инзаги во лоша атмосфера одат на гостувањето кај Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Трката за скудетото е далеку од готова, ама Наполи со евентуална победа вечерва над Торино ќе се одлепи на плус 3 на врвот.