Интер очекува 150 милиони од Икарди и Лаутаро, прва желба е Вернер но Марота сонува за Дибала

by
1 минути читање

Преговори на
многу фронтови во Интер, клубот од „Џузепе Меаца“ е во постојан контакт со ПСЖ
за да се реши иднината на Мауро Икарди. „Светците“ до крајот на месецот имаат
опција за 70 милиони евра да го купат напаѓачот но бараат попуст.

Последните информации
велат дека спортскиот директор Леонардо понудил 55 милиони евра, плус додатни 5
милиони евра во бонуси. Интер инсистира на фиксни 60 милиони евра, но за
очекување е во следните денови да бидат испеглани разликите и двете страни да
си подадат рака.

Во исто време, со
Барселона се преговара за продажба на Лаутаро Мартинез, кој има откупна
клаузула од 111 милиони евра. И тука ќе треба да се направи компромис, „нероаѕурите“
очекуваат 90 милиони евра плус еден фудбалер.

Откако ќе се реши иднината на двајцата Аргентинци, Интер ќе го започне проектот „обнова на
нападот“. Се шпекулира дека Тимо Вернер е прва желба, РБ Лајпциг бара 50
милиони евра, но се чини дека поголем проблем е Ливерпул, Клоп подолго време го
мерка својот сонародник и сака да го донесе на Енфилд.

Единсон Кавани
исто така е на списокот, но Уругваецот бара висока плата и 10 милиони евра по
сезона.

Според пишувањата
на Кориере дела Сера, сон на Бепе Марота останува Пауло Дибала, но зделката е
прилично комплицирана. Јувентус е во преговори со Аргентинецот за продолжување
на соработката, но ако треба да се разделат ова лето, ќе бара најмалку 90 милиони
евра. Секако, останува и прашањето дали „старата дама“ ќе сака да направи ваква
зделка со вечниот ривал. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×