71
Преговорите
помеѓу Интер и ПСЖ за трансфер на Милан Шкрињар подолго време тапкаат во место,
„нероаѕурите“ одбиваат да ги намалат барањата и не прават отстапка од цената од
70 милиони евра која ја поставија за услугите на дефанзивецот.
Па „светците“
полека почнуваат да работат на план Б и како што пишува Л’Екип, шампионот на
Франција се насочува кон Мохамед Симакан.
Цената на 22
годишниот Французин е значително пониска, се говори дека РБ Лајпциг бара околу 40
милиони евра.
ПСЖ се надева
дека дополнително ќе ја намали оваа бројка со вклучување на играчи во зделката.