Интер не губи време, договорена средба со агентот на Дибала

by
1 минути читање

По многу шпекулации и натегања, агентот на Пауло Дибала денеска имаше средба со раководството на Јувентус на која не беше постигнат компромис за нов договор па напаѓачот ќе замине по крајот на сезоната.

Како што пренесува Сезар Луис Мерло, новинар на ТиК Спортс, веќе е договорен состанок со Интер. Во следните денови, Хорхе Антун ќе се сретне со Бепе Марота, кој е голем фан на играта на Паоло Дибала и човекот кој го донесе Аргентинецот во Јувентус.

Лидерите на Интер планираат летоска да се ослободат од Алексис Санчез или Артуро Видал (можно е и двајцата да го напуштат клубот) и со тоа да се отвори простор за богат договор каков што бара Пауло Дибала.

Се говори дека „нероаѕурите“ на маса ќе стават соработка тешка 7,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

За услугите на Пауло Дибала интерес пројавуваат и Атлетико Мадрид и Барселона, како и уште неколку клубови од Премиерлигата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×