Интер не го сака Лукаку толку многу колку што Лукаку го сака Интер

by
1 минути читање

По одличната сезона во Интер, Лукаку реши да се врати во Челси, но брзо се појака па сега очајно посакува повторно да заигра за нероазурите.

Белгискиот фудбалски експерт Теро кој е одличен познавач на состојбата, вели дека нема да биде лесно да се случи враќањето на Лукаку.

„Сапунската опера почна откако Лукаку го даде тоа интервју за Скај Италија во декември. Јасно е дека тој сака да си замине од Челси, но нема да биде лесно враќањето во Интер“, смета Теро.

„Тие имаат многу слаб буџет и веројатно ќе можат да го земат на позајмица или со размена на фудбалери, што не се случува многу често. Тоа ќе биде тежок договор“.

„Имаше слики од агентот на Паоло Дибала во канцелариите на Интер и него ќе го добијат за беспари. Исто така веќе ги имаат Лаутаро Мартинез, Един Џеко и Жоакин Кореа“.

„Не сум сигурен дека Интер го сака Лукаку толку многу колку што тој го сака Интер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×