Интер на маки, доколку ризикува со Лукаку, напаѓачот ќе биде на располагање на Белгија

by
1 минути читање

Во Интер извесно
е дека ќе го поштедат својот напаѓач Ромелу Лукаку за гостувањето кај Аталанта,
иако тоа е ризик за клубот од Милано кој сигурно му се потребни бодови од тоа
не баш лесно гостување, меѓутоа ризикот е двостран.

„Тутоспорт“
објави дека Белгиецот е подложен на терапии откако се здоби со повреда на мечот
со Шахтар минатата седмица, па така го пропушти синоќешниот пораз на својот тим
кај Реал Мадрид.

За момент се
постави прашањето кој ќе му прави друштво на Лаутаро Мартинез во нападот, па
Антонио Конте одлучи таа задача да му ја довери на Иван Перишиќ, а се чини дека
Хрватот повторно ќе биде во таква улога претстојниов викенд.

Во Италија
наведуваат дека во случај Интер да ризикува со Лукаку на гостувањето кај
Аталанта, односно Белгиецот да биде во комбинација во составот, ќе доведе до
негов ангажман за време на интернационалната пауза со својата репрезентација.

Белгија на 11. Ноември
ќе ги одмери силите со Швајцарија во пријателски меч, по што следат и дуелот
против Англија четири дена потоа, односно Данска на 18. ноември, двата во
Лигата на нации.

Првично, во Интер
преовладува мислењето дека Лукаку ќе треба да остане во Милано за целосно да се
рехабилитира од повредата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани