Интер на Инзаги му нуди двојно повисока плата од Лацио

by
1 минути читање

Интер е подготвен
да му ја зголеми двојно платата на Симоне Инзаги, во однос на тоа што
фудбалскиот стратег го заработува моментално на клупата на Лацио.

Меѓу другото, „Нероаѕурите“
наводно му ветиле на Инзаги и Лига на шампиони, сп тоа што првиот човек на
Лацио, Клаудио Лотито инсистира на тоа дека претстои нов договор за тренерот.

Инзаги има
активен договор со Лацио до крајот на јуни, а барем досега обете страни не
постигнаа договор за продолжување на соработката, па така Интер се обидува да
ја искористи ситуацијата.

Во Италија
наведуваат дека Инзаги на последниот разговор со Лотито и спортскиот директор
Игли Таре изгледал доста подготвено да ја продолжи соработката со клубот од Рим
до 2024 година.

Како и да е,
откако Интер наводно увидел дека Масимилијано Алегри е на пат да се врати во
Јувентус, целото свое внимание го пренасочил токму кон Инзаги, по што работите
се промениле.

Се верува дека
Интер му нуди на Инзаги годишна плата од 4 милиони евра, а дополнително и 1
милион евра во бонуси, што е двојно повеќе од тоа што му го нуди Лацио.

„Кориере дела
Сера“ и „Ил Месаџеро“ веќе известија дека Инзаги ќе ја прифати понудата на
Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×