Интер му го нуди Ериксен на Арсенал со попуст

by
1 минути читање

Кристијан Ериксен
би можел да го следи патот на Сол Кембел, Вилијам Галас и Емануел Адебајор
доколку потпише за лутиот градски ривал на неговиот поранешен клуб Тотнем,
Арсенал.

Според пишувањата
на „ЕСПН“, се вели дека Данецот му бил понуден на Арсенал, а Интер тоа го
сторил со попуст за „Топчиите“, односно барајќи обештетување за плејмејкерот во
висина од 12 милиони фунти.

Ериксен се
приклучи на Интер по трансферот од тотнем во јануари за сума од 17.5 милиони
фунти, Данецот потпиша четири годишен договор, меѓутоа се чини дека 28
годишниот фудбалер нема да има долг престој во Милано.

Данскиот
репрезентативец не е во преден план кај својот тренер Антонио Конте, а од Интер
веќе и потврдија дека побарал да си замине, а тоа може да се случи уште во
јануарскиот преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×