Интер конечно договори продажба на Жоао Марио но му се заканува тужба од 30 милиони евра

by
1 минути читање

„Нероаѕурите“ во 2016 го ангажираа Жоао Марио за 40 милиони евра, но
Португалецот никогаш не блесна во Милано. Интер долги години се обидуваше да му
најде нов клуб, но успеа само да го прати на позајмица во Вест Хем, Локомотив
Москва и Спортинг Лисабон.

Последните информации велат дека конечно е да најден купец за фудбалерот од
средниот ред и договорен е негов трансфер во Бенфика.

Неколку извори од
Португалија пренесуваат дека двата клуба си подале рака за зделка вредна 7,5
милиони евра а Жоао Марио постигнал согласност со „орлите“ за петгодишен
договор и плата од 2 милиони евра по сезона.

Сепак, Спортинг Лисабон прави проблем и се заканува со тужба и барање за
оштета од 30 милиони евра. „Лавовите“ сметаат дека при продажбата на Жоао Марио
на Интер вметнале клаузула според која им следува висока компензација доколку
фудбалерот се врати во Португалија.

Интер пак верува дека нема ваква клаузула, односно Спортинг поседува само
прва опција да го купи Жоао Марио доколку играчот реши да се врати дома.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×