Интер ќе го убедува Лаутаро дека подобро ќе му биде во Милано отколку во Барселона

by
1 минути читање

Лаутаро Мартинез силно се поврзува со Барселона, но Интер нема намера да се откаже од неговите услуги. Мората вели дека единствен начин тој да замине од Милано е некој да ја плати откупната клаузула која истекува на 7 јули, а изнесува 111 милиони евра.

„Лаутаро претставува важен сегмент од тимот на Интер, ние не сакаме да го продадеме. Има откупна клаузула од 111 милиони евра која истекува на 7 јули. Тоа единствениот начин да биде продаден“, вели Марота.

„Фудбалерот може да чека и да се развива со Интер. Ние ќе седнеме со него, мора да го убедиме дека таква можност за голем трансфер може повторно да се појави во иднина кога тој ќе биде поподготвен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×