337
Интер дојде до посакуваните три бода од гостувањето кај Верони, момците на Конте се испотија за да ја остварат целта, но таа ги лансираше на врвот.
Резултатот беше отворен по седум минути игра во второто полувреме кога Лаутаро Мартинез погоди по асистенција од Хакими за водство од 1-0.
Но десет минути подоцна Верона го изедначи резултатот со гол на Илиќ. Сепак Интер не дозволи изненадувањ, Шкрињар реализираше во 69. минута за победа од 2-1.
Доколку Милан не победи во дербито против Лацио, Интер ќе остане на лидерската позиција, во спротивно повторно ќе падне на втората позиција.