61
Актуелниот
италијански првак Интер постигна 18 погодоци во петте одиграни натпревари во новата
сезона од Серија А, а тоа што е интересно е фактот што дури 11 различни стрелци
беа творци на погодоците за „Нероаѕурите“.
Един Џеко ја предводи
листата на стрелците со четири погодоци, а токму Босанецот беше доведен во
Милано како замена за Ромелу Лукаку кој направи трансфер во Челси во летниот
преоден рок.
По Џеко, следи
Лаутаро Мартинез со три погодоци, а по два постигнаа Жоакин Кореа и Милан
Шкринијар.
По еден гол
досега постигнаа Чалханоглу, Видал, Димарко, Барела, Вечино, Дармијан и
Перишиќ.