Интер и Милан ќе добиеле двојно помалку пари од Јувентус за учеството во Суперлигата

by
1 минути читање

Медиумите
откриваат нови детали за проектот на гигантите наречен Суперлига. Весникот Дер Шпигел
вели дека го добил договорот кој го потпишале 12-те клубови основачи. Спротивно
на пишувањата дека сите клубови ќе добијат иста сума за учество во новото натпреварување,
колачот немал подеднакво да бил поделен.

Од „Грантот за
инфраструктура“, Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед,
Ливерпул, Челси, Арсенал и Тотнем ќе добиеле 7,7%. Ваков дел следувал и за Баерн
и ПСЖ, кои требале да бидат поканати во новото натпреварување.

За Интер, Милан,
Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд (третиот клуб кој ќе добиел покана)
следувале 3,8%.

Според Газета
дело Спорт, за Интер и Милан биле предвидени околу 100 милиони евра, додека за
Јувентус двојно повеќе, односно преку 200 милиони евра.

Дер Шпигел исто
така открива дека Барселона и Реал Мадрид ќе добиеле екстра сума на пари,
односно по 60 милиони евра, кои ќе бидат платени на две рати, по 30 милиони
евра на крајот од првата и втората сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×