Интер и Баерн Минхен одиграа возбудливи 2-2 на „Меаца“, па благодарејќи на победата во Минхен, „нероаѕурите“ обезбедија полуфинале во Лигата на шампиони.
Интер закажа пресметка против Барселона, избраниците на Инзаги вечерва го преживеаја налетот на Баерн Минхен и се пласираа во полуфинале во Лигата на шампиони.
Откако мрежите мируваа во првото полувреме, Кејн погоди за 0-1 на стартот од второто полувреме и ја анулираше предноста на Интер од првиот натпревар.
Но Интер за кратко време направи целосен пресврт, Мартинез најдобро се снајде по еден прекин и изедначи на 1-1 во 58. минута, а само три минути подоцна, Павар скокна највисоко по еден нов корнер и со глава ја затресе мрежата за 2-2.
Во 76. минута падна нов гол од прекин, Даер со глава од мртов агол успеа да го совлада Зомер за 2-2.
Баерн потоа силно притисна, Интер грчевито се бранеше во финишот а гостите пропуштија добри шанси преку Кејн, Милер и Коман за победа од 2-3, која ќе значеше продолженија.