Интер го потврди трансферот на Видал, коронавирусот ја стопи цената на Чилеанецот од 20 милиони на 1 милион

by
1 минути читање

По долги
преговори, Артуро Видал конечно е играч на Интер. Чилеанецот во неделата
пристигна во Милано, во понеделникот ги помина редовните лекарски прегледи,
стави потпис на документите и денеска пристигна официјалното соопштение.

Коронавирусот ја
стопи неговата цена, во јануари Барселона на Интер му бараше 20 милиони евра, а
сега „каталонците“ го пуштија за 1 милион, пари кои ќе бидат платени во форма
на бонуси.

Артуро Видал од
Интер доби двегодишен договор со опција за додатни 12 месеци. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани