Интер е фаворит за потписот на Дињ, Челси и Наполи ја чекаат својата шанса

by
1 минути читање

Се верува дека
Интер е фаворит за потписот на Лука Дињ од Евертон, а за Французинот интерес
пријавуваат Челси, но и Наполи, па така нема да изненади доколку бекот се
пресели во „Серија А“ во продолжението од сезоната.

Дињ котира високо
на листата на желби за засилувања во Интер, а Челси пријавува интерес за
неговите услуги најмногу поради фактот што за Бен Чилвел сезоната заврши, а на
таа позиција го има единствено Маркос Алонсо, како и Калум Хадсон Одои по
потреба.

28 годишниот
фудбалер во својата кариера го има почувствувано теренот во „Серија А“, со тоа
што играше во Рома на позајмица од ПСЖ во сезоната 2015/16, а во Евертон
направи трансфер од Барселона во 2018 година вреден 20 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани