Интер бесен по последните коментари на Ал Хилал, испаѓа дека Инзаги цело време ги влечел за нос

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека раководството на Интер е бесно по последните коментари на Ал Хилал дека Симоне Инзаги уште пред финалето во Лигата на шампиони донел одлука да се пресели во Саудиска Арабија.

Интер беше понижен од ПСЖ во финалето на Лигата на шампиони, загуби со историски 5-0.

Три дена по овој натпревар, Симоне Инзаги реши да стави крај на авантурата во Милано и да ја прифати богатата понуда на Ал Хилал.

Но во Интер сега се бесни откако од таборот на Ал Хилал открија дека Симоне Инзаги многу порано знаел дека се сели во Саудиска Арабија.

„Играше многу важен натпревар и не замоли да почекаме, но одлуката беше донесена. Едноставно од почит побара се да се одложи за по финалето, што е сосема разбирливо“ – вели генералниот извршен директор на Ал Хилал, Естеве Калзада.

Од ваквите коментари испаѓа дека Симоне Инзаги цели време го влече за нос Интер, немал намера да продолжи на „Меаца“ и знаел дека ќе го напушти клубот.

Се стравува дека целата ситуација влијаела и врз тимот, играчите чувствувале дека Симоне Инзаги повеќе не е целосно посветен на тимот, па тоа придонело за катастрофалната партија против ПСЖ во Минхен.

ФОТО: X/Inter FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×