Тотнем е во
големи проблеми изминатиов период, првиот човек на клубот Даниел Леви освен што
прави крајни напори да го убеди клучниот играч Хари Кејн да остане, истовремено
се обидува да пронајде адекватен тренер, меѓутоа наидува на одбивање од сите страни.
Џенаро Гатузо се
споменуваше како еден од главните кандидати за наследник на Жозе Мурињо,
меѓутоа наводно клубот од Северен Лондон се повлекол од преговорите, меѓутоа
фудбалерот на Наполи, како и близок пријател на Гатузо, Лоренцо Инсиње открива
нешто сосема друго.
„Си разменивме по
некоја порака, тој ми рече дека таму се случува вистински хаос“ вели Инсиње,
„Но, сега сум
фокусиран на Европското првенство, додека тој е на одмор, а јас сигурно нема да
го прашувам некои конкретни прашања околу таа тема“ додава италијанскиот
репрезентативец кој имаше одлична соработка со својот поранешен тренер во
Наполи.