Наполи на свој терен синоќа го пречека Милан и имаше шанса да дојде до големи три бода против ривалот за борбата на Скудетото. Но Наполитанците доживеаа пораз.
„Вината за овој пораз треба да ја преземеме ние, без разлика што се боревме до самиот крај. Ова навистина е разочарувачко за многу луѓе кои дојдоа тука да не бодрат, ова е најголемо разочарување“, вели Инсиње.
„Ова беше шанса која ја пропуштивме. Не треба да се сожалуваме, имаме уште многу натпревари до крајот и мора да останеме фокусирани“.
Инсиње беше запрашан каква била атмосферата во соблекувалната по мечот.
„Нема што да кажам, имаше само тага. Треба да почекаме и со ладни глави да анализираме што се случи“.
„Доколку продолжиме да играме како на овој меч, никој нема да го памети овој Наполи. Овој пораз боли, но треба да извлечеме поуки, имаме уште време да ги свртиме работите во наша полза. Мора да играме подобро“.