Лоренцо Инсиње го
доби признанието за најдобар играч на мечот помеѓу неговата Италија против
Белгија во четвртфиналето од Европското првенство, каде „Аѕурите“ беа подобри
со 2-1 и закажаа пресметка со Шпанија во полуфиналето.
Фудбалерот на
Наполи постигна преубав гол во самата завршница од првото полувреме, а тој по
мечот ја опиша целата ситуација околу таа голема мајсторија.
„Го видов Јури
Тилеманс пред мене, тој веќе имаше жолт картон, а јас со самото тоа знаев дека
можам да го претрчам, потоа ја видов празнината и упатив удар“ рече Инсиње, кој
во однос на мечот смета дека „Аѕурите“ на теренот работат тимски, а мораат да
продолжат на таков начин.
„Чувството е
прекрасно, но вон наградата што ја добив, среќен сум што се пласиравме во
полуфиналето, ние работиме тимски, а мораме и така да продолжиме понатаму, за
да дојдеме до големи достигнувања“ додаде Италијанецот.