Инсиње е во последната сезона од договорот со Наполи и доколку не се договорат двете страни тој ќе си замине во летниот преоден рок.
Агентот на Инсиње вели дека последната понуда на Наполи за нив е неприфатлива, но преговорите ќе продолжат.
„Понудата која ни ја доставија за Инсиње е неприфатлива, непристојна. Но тоа не значи дека веќе нема да преговараме“, открива агентот Писакане.
„Неколку пати прочитав дека барањата на Лоренцо се до месечината, но никогаш не сме побарале ништо. Наполи е тој кој испраќа понуди. Тој е приврзан со овој клуб, и Наполи не може да најде друг таков фудбалер кој толку го сака овој клуб“.
„Не можам во проценти да кажам колкави се шансите. Треба да седнеме повторно, да разговараме и да видиме дали ќе биде продолжен договорот или не“.