Инсиње ги одбра парите пред фудбалот, но дали некој може да каже НЕ на ваква понуда?

by
1 минути читање

Лоренцо Инсиње ги одработува последните
месеци од договорот со Наполи, на маса има предлог за продолжување на
соработката но за да остане верен на клубот во кој израсна, напаѓачот мора да
прифати кратење на платата, предлогот е вреден околу 3,5 милиони евра по
сезона.

Интер и Милан внимателно
ја следат ситуацијата, се шпекулира дека „нероаѕурите“ се подготвени да му
дадат плата од 6 милиони евра по сезона доколку го облече црно-синиот дрес.

Последните
информации говорат дека фудбалерот ќе повлече непопуларен потег и ќе ги одбере
парите пред фудбалот.

Лоренцо Инсиње
кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата, во редовите на Торонто. Клубот од
Канада на маса ставил богата понуда, речи 50 милиони евра, односно плата од 9,5
милиони евра по сезона за петгодишна соработка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани