Иниеста тренерската кариера ја почна со пораз во натпревар со седум голови

by Стефан
1 минути читање

Андрес Иниеста немаше најдобар почеток на тренерската кариера. Легендарниот Шпанец на своето официјално деби на клупата на Гулф Јунајтед претрпе пораз од 4-3 против Диба Ал Фуџаира во првото коло од Втората лига на ОАЕ.

Иниеста, кој во 2024 година стави крај на блескавата играчка кариера, во јуни седна на клупата на Гулф Јунајтед. Во исто време, 41-годишниот Шпанец продолжува со тренерското образование и се подготвува за највисоката тренерска лиценца.

Неговото деби донесе спектакуларен натпревар со дури седум гола. Домаќините поведоа во осмата минута по автогол, но Гулф Јунајтед брзо возврати преку Џон Боско Нчиндо. Диба повторно дојде во предност во 21. минута, но Беник Афобе пред паузата се погрижи на одмор да се замине со резултат 2-2.

Возбудувањата продолжија и во вториот дел. Диба повторно поведе, но Малик Атанда со својот втор гол на натпреварот успеа да израмни на 3-3. Сепак, само една минута подоцна следуваше нов шок за Иниеста. Абдула Саид ја затресе мрежата и го постигна победничкиот гол за Диба Ал Фуџаира.

Така, Иниеста тренерската кариера ја започна со пораз, иако неговиот тим до самиот финиш беше во игра за позитивен резултат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×