Империјата на Рајола: Кој ќе ја наследи? Што ќе се случи со фудбалерите кои ги застапува?

by
1 минути читање

Смртта на Мино Рајола отвара многу прашања: Кој ќе управува со агенцијата? Дали фудбалерите ќе останат? Или тие ќе си побараат нов агент?

Италијанецот се грижеше за кариерата на голем број фудбалери, помеѓи попознатите се Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Ерлинг Халанд, Џиџо Донарума, Марко Верати и Матајс де Лихт.

Тој одново требаше да режира неколку зделки ова лето, Ерлинг Халанд заминува од Борусија Дортмунд, Пол Погба го напушта Манчестер јунајтед, младиот Рајан Гравенберг од Ајакс треба да се продаде исто како и неговиот соиграч Нусари Мазрауи. Стефан де Врај од Интер исто така би можел да направи трансфер, а шпекулации има и за Матајс де Лихт.

Според Марка, извори блиски до Мино Рајола велат дека семејството ќе продолжи да ја води агенцијата заедно со луѓето кои и сега го имале најголемиот дел од товарат, како адвокатот Рафаела Пимиента, братучедот Винченцо Рајола и Хозе Фортес.

Медиумите од Италија пред неколку дена шпекулираа дека Златан Ибрахимовиќ би можел да стави крај на кариерата и да се вклучи во бизниснот на својот добар пријател Мино Рајола, но Марка не може да ги потврди ваквите стории.

Останува да се види што ќе се случи со фудбалерите, дали тие ќе останат или ќе си побараат друг агент. Се говори дека Златан Ибрахимовиќ и Пол Погба нема шанси да побараат друга агенција, додека за останатите фудбалери времето ќе покаже. Во овој момент, семејството Рајола смета дека никој нема да ја прекине соработката и бизниснот ќе продолжи и без Мино.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×