Имобиле: Знаевме дека ова ни е последна шанса

by
1 минути читање

Лацио синоќа одигра одличен натпревар и го победи Милан со убедливи 3-0, освои три бода со кои останува во трката за топ четири.

„Ова беше наша последна шанса, игравме против тим кој има одлична сезона и моравме да го кренеме нивото, особено по поразот од Наполи“, вели Имобиле.

„Се уште имаме надеж за Лигата на шампионите и не се предаваме. Точно е дека е потребно да ги победиме сите натпревари до крај и да се надеваме дека некој од конкурентите ќе загуби бодови, но сакаме да уживаме до крај“.

Лацио е на шестата позиција со 61 бод, пет помалку од Наполи, Јуве и Рома, но Лацијалите имаат и натпревар помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×