Шкендија Арачиново денеска во Кавадарци против Тиквеш ја забележа својата историска прва победа во најсилната конкуренција во Македонија, а по натпреварот за „Аренаспорт“ зборуваше тренерот Берат Имери.
Според Имери, Тиквеш бил подобар само во почетните минути, а потоа клучот во победата според него бил добрата игра во одбраната.
„Ние ќе одиме натпревар по натпревар, знаевме колку е Тиквеш квалитетен. Во првите 20 минути имавме проблеми во одбраната, но потоа направивме неколку корекции и одигравме одлично, мислам дека тука беше клучот за победата. Победивме еден добро организиран и силен тим кој во второто полувреме ни создаде само една посериозна шанса. Гледавме добар фудбал и добро судење и само на ваков начин може да придонесеме за подобро првенство“, истакна Имери.
Тимот на Шкендија Арачиново по три кола во Првата лига има победа, пораз и реми.