51
Тренерското столче во Милан е испразнето откако Масимо Алегри доби отказ по крајот на сезоната, во Милан за следната недела имаат закажано преговори со првиот фаворит.
Тоа е Оливер Гласнер кој со Кристал Палас ја освои Конференциската лига оваа сезона.
Австрискиот стратег имаше фантастичен успех со англискиот тим, му донесе три трофеи за 12 месеци.
Преговорите меѓу Гласнер и Милан се закажни за почетокот на следната недела, најверојатно ќе се одржат во вторник.
Претходно Милан се поврзуваше со Ираола, но тој е на пат кон Ливерпул.