Има и такви кои го бранат романскиот судија: Долго време работев во Африка, ме викаа бело момче па тоа не беше расизам

by
1 минути читање

На синоќешниот
дуел помеѓу ПСЖ и Башакшехир се случи голем скандал откако четвртиот судија беше
обвинет дека на расна основа го навредил Пјер Вебо, помошник тренерот на
гостите.

Фудбалерите на Башакшехир
се повлекоа во соблекувалната, добија поддршка и од играчите на ПСЖ, па УЕФА
реши натпреварот да продолжи денеска но со нови судии.

Мешаницата
започна по петнаесетина минути игра кога главниот судија дојде крај аут
линијата за да опомене некој играч а четвртиот судија ги употребил зборовите
ala
negru
. Пјер Вебо ова го протолкувал
како
negro па бурно
реагираше а во протестите му се приклучија и соиграчите.

Себастијан
Колтеску, човекот во центарот на скандалот, потоа им објаснувал на играчите дека со својот
колега разговарал на романски јазик и само кажал „на овој црн човек“. Затоа
беше и реакцијата на Демба Ба, кој му се пушти на судијата и го прашуваше,
„зошто не велиш овој бел човек?“.

И додека на речиси
сите им е јасно дека судијата погреши, поранешниот француски голман, Лионел
Шарбоње реши да го брани.

„Морате да ми
дозволите да кажам што имам да кажам. Имам работено во Африка, постојано ме
викаат белото момче и никогаш никој не сметаше дека ова е расизам“
– рече Шарбоње
за Радио Монте Карло.

Многумина сметаат
дека Шарбоње со ваквите коментари не помага и само побрзо ќе му заврши
кариерата како стручен коментатор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×