69
Нејмар има уште една година од договорот со ПСЖ, се уште не ставил потпис за продолжување на соработката, а тоа го прави мета на шпекулации.
Последните велат дека Барселона не би платила ни евро за да го врати Нејмар, а незамисливо е да одвојат 150 милиони евра колку што бара ПСЖ. Постојат само два начини на кој Бразилецот би се вратил на Камп Ноу.
Првиот начин е позајмицата, Барселона да го испрати Гризман или Дембеле во Париз, а во спротивна насока да дојде Нејмар.
Вториот начин е да се почека уште една сезона, па Нејмар да си замине од ПСЖ како слободен фудбалер и да се врати во Барса.