Илија Несторовски осми пат сезонава погоди за Славен Белупо (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Илија Несторовски осми пат оваа сезона погоди за екипата на Славен Белупо, во ремито против Истра (1-1) во ХНЛ. Од тие погодоци Несторовски седум ги даде во првенството и еден во Купот на Хрватска.

Прилепчанецот погоди за својот тим во 28. минута од натпреварот и го израмни резултатот, а до крајот немаше промени. Несторовски покажа дека и на 35 години уште има чувство за гол, одлично прими топка и рутински погоди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани