Иконата на
Манестер јунајтед, Двајт Јорк се пожали дека не може да најде работа како
тренер поради бојата на неговата кожа. Поранешниот напаѓач вели дека за него
препораки дава и легендарниот Сер Алекс Фергусон, но ниту тоа не помага.
„Сер Алекс
Фергусон ми е како татко, па кога аплицирав за работата во Астон Вила, појдов
во неговата канцеларија и му кажав што се обидувам да направам. Ми сподели дел
од неговите искуства, ми кажа што треба да правам и ми даде совет. Потоа го
крена телефонот, се јави во Астон Вила и даде препорака“ – раскажува Јорк.
„Ми кажа дека секогаш
ќе гарантира за мене доколку ми е потребна препорака за работа. Но и до ден
денес, со негова помош, не можам да дојдам ниту до интервју“.
„Гледаме како
бели играчи со малку искуство, веднаш добиваат шанса како тренери… а во исто
време, намеме црнец тренер во Премиерлигата. Би отишол и чекор понапред, и би
рекол дека нема црнец ниту во тренерскиот персонал. Ова е сериозен проблем“.
„Ќе се борам до
самиот крај, не губам надеж“.