Мауро Икарди и Ванда Нара се во фокусот на вниманието откако изминатиов викенд, фудбалерот беше обвинет за неверство. Имаше многу шпекулации, се најавуваше развод, но од последниот пост на социјалните мрежи се чини дека двајцата се смирили.
По победата на ПСЖ над РБ Лајпциг, Мауро Икарди испрати емотивна порака и посвета за својата сопруга.
„Ти благодарам љубов моја што продолжи да веруваш во ова убаво семејство, ти благодарам што си моторот во нашите животи. Те сакам. Боли многу кога ќе ги повредите саканите. Раните зараснуваат само кога ќе добиете прошка од оние кои сте ги повредиле“ – напиша Мауро Икарди, кој поради семејната драма не беше во комбинација за мечот против „биковите“ и доби поштеда од тренерот Маурисио Покетино.
Напаѓачот потоа имаше нова објава: „Гушни ме силно и никогаш не ме пуштај“.