978
Медиумите од
Аргентина денеска објавија нови детали од скандалот помеѓу Мауро Икарди и Ванда
Нара, беа откриени дел од интимните пораки поради кои атрактивната блондинка решила да ги спакува
куферите, да замине од Париз и да се врати во Милано.
Мауро Икарди веднаш
отпатува Милано, ПСЖ му даде дозвола да ги реши проблемите во бракот и на
момент се чинеше дека двајцата се смириле.
Сепак, последните
информации велат дека Ванда Нара нема лесно да му прости и сака развод.
Сето ова прилично
тешку му паѓа на Мауро Икарди, се шпекулира дека тој е во депресија, постојано
плаче, дури и се заканал дека ќе се откаже од фудбалот доколку Ванда Нара не му
се врати.