Икарди ќе стане уште поомразен лик кај навивачите на Интер, Аргентинецот се сели во Милан?!

by
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ
оваа сезона пропушти речиси половина од натпреварите на Милан, па „росонерите“
во летниот преоден рок ќе се обидат да ангажираат нов напаѓач.

Клубот од Сан
Сиро често се поврзува со Душан Влаховиќ од Фиорентина, а последните информации
говорат за сензационален трансфер и ангажман на Мауро Икарди.

Аргентинецот нема
иднина во ПСЖ, летоска ќе треба да си најде нов клуб и „светците“ се подготвени
да го продадат за 35-40 милиони евра.

ГДС додава дека Милан
ќе инсистира на позајмица, па останува да се види дали ќе падне некаков договор
помеѓу двата клуба.

Доколку се реализира
еден ваков трансфер, Мауро Икарди ќе стане уште поомразен лик кај навивачите на
Интер. Напаѓачот беше прва ѕвезда и капитен на „нероаѕурите“ но си замина под
контроверзни околности.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани