Игрите во македонската лига на Дарбо Дембо му донесоа повик за Гамбија

by
1 минути читање

Најдобриот стрелец во досегашниот дел од Македонската прва лига, Дарбо Дембо доби повик од селекцијата на Гамбија за престојните квалификациски меча за Африканскиот Куп на нации.

„Убаво е чувството да ја претставуваш својата земја, секој фудбалер сонува да игра за својата нација и да го даде максимумот за успех. Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи, тренери и стручниот штаб за нивната поддршка, без нив немаше да дојдам до нивото на кое сум. Но кога ќе се вратам, ќе продолжам да работам уште понапорно за да го постигнеме тоа што го сакаме оваа сезона“, изјави Дарбо Дембо за официјалниот сајт на Шкупи.

Тој оваа сезона досега има постигнато 10 голови на 11 натпревари во МПЛ.

Гамбија е во група со Габон, ДР Конго и Ангола. По две одиграни кола тие се први со ист број на бодови како и Габон. Првите две селекции одат на Африканскиот куп на нации.

Фото: ФК Шкупи

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани