Играше за нивните најголеми ривали, но Реал Мадрид испрати порака за Кун Агуеро (ФОТО)

by
1 минути читање

Денеска на емотивна прес-конференција, Кун Агуеро се збогува со Барселона и со фудбалот. Аргентинецот поради проблеми со срцето ја завршува кариерата на 33-годишна возраст.

Агуеро во својата кариера настапуваше за двата најголеми ривали на Реал Мадрид од Шпанија, Барселона и Атлетико Мадрид, но кралскиот клуб и покрај тоа испрати порака со убави желби за Аргентинецот.

„Беше чест да се натпреваруваме против фудбалер како што беше ти Агуеро, еден од најдобрите играчи во светот. Многу среќа за тебе и за твојата фамилија“, гласи пораката на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×