Лука Јовиќ повторно е во центарот на вниманието поради нефудбалски работи, кариерата во Реал Мадрид не му почна најдобро, не покажа многу на зелениот терен, но се прославува надвор од него.
Тој во моментов е надвор од тренажен процес поради повреда на ногата. Но тоа не му пречи да прави скара во двор со другарите. Јовиќ на својот инстаграм профил преку стори се пофали дека е добар скараџија.
Од видеото може да се види дека десната нога на Јовиќ е во ортопедска чизма. Многумина на социјалните мрежи му замерија на Србинот дека наместо да се одмара и да се труди побрзо да се рехабилитра од повредата, тој прави забави во својот дом.
He spends more time off the pitch than on it but Jovic knows how to grill that Kobe beef pic.twitter.com/svdyRilRIt
— M•A•J (@Ultra_Suristic) June 7, 2020