Играчот кој Мурињо го прати во Фиорентина, испиша историја! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Откако го промени тренерот, Фиорентина дојде и до првата победа откако синоќа со 4-2 славеше на гостувањето кај Венеција, а вниманието го привлече играчот на Реал Мадрид, Мастантуоно.

За Франко Мастантуоно немаше место во тимот на Реал Мадрид за оваа сезона, па тој беше пратен на позајмица во Фиорентина.

Аргентинското момче синоќа со три гола ја предводеше Фиорентина до големи гостински три бода во Серија А.

Тој испиша и историја, стана најмладиот играч на Фиорентина кој постигнал хет-трик во Серија А.

Мастантуоно со оваа партија го привлече вниманието на себе, па во наредниот период се чини дека повнимателно ќе биде следен од Реал Мадрид, но и од другите гиганти кои би го сакале доколку кралскиот клуб не планира да го врати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×