На седницата на Управниот одбор на ФФМ беа изгласани значајни измени кои ќе стапат на сила во блиска иднина. Од сезоната 2026/27, Првата лига ќе брои само 10 екипи наместо досегашните 12, а федерацијата воведува и олеснувања за клубовите при регистрација на странски фудбалери.
Новитет има и во статусот на фудбалерите од регионот – играчите од земјите членки на „Отворен Балкан“ (Албанија, Србија, Косово, БиХ и Црна Гора) нема да се водат како странци, но секој клуб ќе смее да регистрира најмногу двајца такви играчи.
Измени се направени и во правилото за младинци, што ќе стапи на сила од новата сезона.
„Статус за играчи од државите на Отворен Балкан
Клубовите од Прва МФЛ ќе имаат право да регистрираат до двајца играчи од државите на „Отворен Балкан“ (Албанија, БиХ, Косово, Србија и Црна Гора), кои нема да се сметаат за странци при регистрација.
Пропозиции за млади категории и фудбалери до 21 година за сезона 2025/26
Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката, Комисиите кои ги водат натпреварувањата во организација на ФФМ, при подготовка на пропозициите за соодветното натпреварување, да го уредат правото на настап на фудбалери на следниот начин:
– Во натпреварувачката сезона 2025/26 право на настап како фудбалери до 21 година имаат сите фудбалери родени на 01.01.2004 година и подоцна.
– Во натпреварувачката сезона 2025/26 година право на настап како фудбалери – младинци имаат фудбалери родени на 01.01.2007 година до 31.12.2009 година.
– Во натпреварувачката сезона 2025/26 година право на настап како фудбалери – кадети имаат сите фудбалери родени на 01.01.2008 година до 31.12.2010 година.
– Во натпреварувачката сезона 2025/26 година право на настап како фудбалери – пионери имаат сите фудбалери родени од 01.01.2009 година до 31.12.2011 година.
– Во натпреварувачката сезона 2025/26 година право на настап како фудбалери – помлади пионери имаат сите фудбалери родени на 01.01.2010 година до 31.12.2012 година“, стои во известувањето од ФФМ