Играчите на Лече претерале на божиќната забава, Французин влезе во проблеми со законот

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на италијанскиот прволигаш Лече имаше неочекуван инцидент по забавата која клубот ја организира по повод католичкиот Божиќ.

Според италијанските медиуми, дел од играчите претерале со алкохолот, самата забава траела до раните утрински часови. Фудбалерите се опуштиле, а „лидер“ бил Анди Пелмард.

24-годишниот стопер од Франција претерал најмногу, па потоа и си заминал со автомобил. Полициски службеници го стопирале Пелмард на патот кон својот дом, а потоа бил парично казнет и одземена му била возачкада дозвола поради алко-тест.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани