1,6K
Манчестер јунајтед на епски начин го победи Лион со 5-4 во меч кој се играше 120 минути, но еден фудбалер бил присутен само едно полувреме.
Се работи за Нусаир Мазрауи кој побарал да биде заменет на полувреме и поради итна ситуација во неговото семејство заминал од Олд Трафорд.
Според „Би-Би-Си“, проблемот на Мазрауи не е многу сериозен и наскоро се очекува тој да се врати во тимот.