157
Рабио често е мета на критики, тој е свесен за тоа, но вели дека тој се уште е млад и најдоброто од него допрва доаѓа.
„Понекогаш играм добро, понекогаш не, но пред се мислам дека тука во Италија напредував тактички. Играме многу поразлично отколку во Франција“, вели Рабио.
„Што се однесува до свирежите, професионалец сум, го знам фудбалот. Јас ќе давам се за тимот, ќе играм добро, тоа е единствениот начин да ги променам работите“.
„Свесен сум дека фановите се уште не го виделе вистинскиот Рабио. Но се уште сум млад. Можам да се подобрувам и мора да го најдам начинот да го направам тоа. Работам на тоа“.