Игор Ангеловски се враќа на репрезентативниот фудбал

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски, се враќа во репрезентативниот фудбал и започнува нова етапа во својата тренерска кариера.

Македонскиот стратег е назначен за нов селектор на националниот тим на Таџикистан, каде што ќе има задача да ја подготви селекцијата за настап на Азискиот куп во 2027 година, кој ќе се одржи во Саудиска Арабија.

По разделбата со македонската репрезентација, Ангеловски работеше на клупско ниво и ги предводеше Горица, Каспиј и Етникос Ахна, а сега повторно се враќа на селекторска функција.

Неговата тренерска приказна започна во Работнички, каде што веднаш остави силен белег освојувајќи ја шампионската титула во сезоната 2013/2014, како и трофејот во Купот на Македонија во истата и во наредната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×