Ибрахиовиќ: Манџукиќ потпиша за Милан, ние двајца ќе ги плашиме противниците

by
0 минути читање

Ибрахимовиќ со два гола му донесе победа од 2-0 на Милан на гостувањето кај Каљари, а потоа беше расположен за изјави. 

„Марио Манџукиќ го потпиша договорот, тој му се приклучува на Милан, па ние двајца ќе ги плашиме противниците“, изјави Ибрахимовиќ.

Според италијанските медиуми, Манџукиќ го одбрал дресот со број девет кој е слободен откако Пјонтек го напушти клубот.

Се очекува во текот на утрешниот ден, Милан и официјално да го потврди ангажманот на Манџукиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани