Ибрахимовиќ за свирежите од фановите на Рома: Ми требаат свирежите, колку повеќе свират, толку сум подобар!

by
1 минути читање

Ибрахимовиќ беше играч на мечот, постигна гол, врз него беше направен и пеналот кој го реализираше Кеси за победа на Милан од 2-1.

„Одигравме одличен натпревар со многу самодоверба и во наш стил“, изјави Ибрахимовиќ по мечот.

„Знаевме дека нема да биде лесно, Рома немаше пораз дома оваа сезона, но одигравме навистина добро и мора да продолжиме вака со оваа верба и темпо“.

Ова беше гол број 400 на Ибрахимовиќ во домашните првенства. Извненади со слободниот удар, топката се движеше со брзина од 101 километри на час.

„И порано и сега, имам по некое изненадување. Неуспехот е дел од успехот, продолжувате да се обидувате и кога не ви оди“.

„Вообичаено шутирам посилно! Најмалку 200 километри на час! Мислам дека со годините ми успорил шутот“, се пошегува Ибра кога му кажаа со колкава брзина одела топката.

Ибрахимовиќ беше исвиркуван од навивачите на Рома за време на мечот.

„Ми требаат свирежите, колку повеќе ме свират, толку поживо се чувствувам. Адреналинот се зголемува. Имавме и играч помалку, покажавме карактер, момците одграа одлично“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани