Ибрахимовиќ сака да игра уште една сезона, а тоа ќе се случи само под еден услов

by
1 минути читање

40-годишниот Ибрахимовиќ постигна осум голови во 23 настапи за Милан оваа сезона, пропушти 18 меча поради повреди.

Според „Калчомеркато“, Ибрахимовиќ одлучил дека сака да продолжи да игра уште една сезона, но конечната одлука нема да зависи од него.

Тој не сака да се пензионира, но во наредните денови ќе посети специјалист кој ќе му каже дали ќе му биде потребна нова операција или не.

Доколку нема потреба од операција, Паоло Малдини и Рики Масара ќе му понудат нов едногодишен договор. Во спротивно, ако Ибра повторно треба да оди „под нож“ и да пропушти уште неколку месеци, тогаш веројатно ќе одлучи да ја заврши кариерата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×