60
Според италијанските медиуми, Милан има испратено понуда до Златан Ибрахимовиќ за ангажман во јануарскиот преоден рок.
37-годишниот фудбалер има 21 гол во 25 настапи за ЛА Галакси, но тие веројатно нема да се квалификуваат во плејофот.
Во понудата од Милан, Златан Ибрахимовиќ нема загарантиран првотимски статус.
Генералниот менаџер на Милан, Леонардо изјави дека Гонзало Игуаин и Патрик Кутроне се главните напаѓачи на Милан, а тоа значи дека Ибрахимовиќ ќе треба да прифати да почнува од клупа, барем додека не увери дека заслужува да биде стартер.
Нејасно е дали Ибра би го прифатил тоа, но Леонардо и Мино Рајола му дале еден месец за да размисли за понудата.