422
Ибрахимовиќ кој се опоравува од повреда, синоќа бил во Шведска да го гледа натпреварот меѓу неговиот Хамарби и Остерстунд. Меч од првото коло во шведското првенство.
Неговиот тим победил со 2-0, па тој се симнал во соблекувалната да им честита на играчите за триумфот.
„Газета дело Спорт“ пишува дека според протоколот за фудбал во Шведска, во соблекувалната може да бидат само играчите и стручниот штаб. Никој друг не смее да влегува, но Ибра влегол.
Информациите велат дека Шведската фудбалска федерација би можела да отвори истрага за овој случај.
Но, тој нема да добие казна од Милан, бидејќи во Шведска бил во ден кога бил ослободен од обврските кои ги има со италијанскиот клуб.