Милан има три порази по првите три меча. Вчера одигра лош меч во Порто и повеќе шанси имаше да си замине дома со поубедлив пораз, отколку да освои бод.
„Од трите натпревари, ова беше нашиот најлош перформанс, па не заслуживме бодови“, вели Ибрахимовиќ.
„Понекогаш можеш да играш лошо и да освоиш бодови, но не е важно. Треба да имаме во предвид дека ова е прв настап во Лигата на шампионите за многу од нашите фудбалери и тие треба да созреат“.
„Гледате како веќе во Серија А со искуството ја подобруваа играта, напредуваа во темпото, ја знаат лигата, така со секој меч треба да има напредок и во Лигата на шампионите“.
Милан беше без повредените Тео Ернандез, Брахим Диаз, Мајк Мањан и Френк Кеси кој беше суспендиран.
„Ни недостасуваат некои фудбалери, но тоа е фудбалот. Јас штотуку се вратив и среќен сум мшто играв, но потребни ми се повеќе минути за да влезам во натпреварувачки ритам“.
„Има уште три натпревари до крајот и ние ќе се бориме додека имаме шанси за следната фаза, уверен сум дека ќе успееме“.