Ибрахимовиќ објави кога се враќа на теренот и рече: Секогаш кога ќе ги облечам копачките помислувам…

by
1 минути читање

Ибрахимовиќ му даде два гола на Наполи и се повреди, ги исплаши фановите на Милан бидејќи тој е главниот мотор на росонерите.

Но повредата не е сериозна, Ибра наскоро ќе биде на теренот.

„Секогаш кога ќе ги облечам копачките помислувам „Уау ова е тоа што сакам да го правам“, вели Ибрахимовиќ.

„Тоа е мојата пасија, фудбалот е мојот најдобар пријател, без фудбал не би бил оној кој сум, без него се чувствувам загубен“.

„Повредата не е сериозна, само недела или две ќе бидам во аут“.

Ибрахимовиќ постигна 10 гола на шест натпревари оваа сезона во Серија А, тој е најдобар стрелец во досегашниот дел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×